Зошто користиме „колачиња“?
Со помош на ваквите колачиња РАПИД го следи движењето на посетителите на веб страницата и на тој начин собира податоци за да го подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и унапреди функционалноста на веб страницата.
Кои податоци ги собираме?
При посета на веб страницата, имајќи ја предвид природата на интернетот, се собираат податоци кои ги евидентираат корисниците, но сами по себе не се доволни за да се идентификува одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, број на посети, просечно време поминато на страната, типот на уреди, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.
Прифаќање на условите
Корисникот има можност да даде согласност на веб страницата за користење на „колачиња“ или да го одбие истото. Со користење на „колачињата“, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за „колачиња“. Вашето континуирано користење на веб страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.