SEO оптимизација – водич за зајакнување на вашето онлајн присуство
April 15, 2024Зошто на вашиот бизнис му е потребна веб-страница?
Од 2019 година половина од светската популација е онлајн, а денес тој број е уште поголем. Едно истражување покажува дека на Балканот лидер во користење интернет е Косово. Таму 96% од домаќинствата имаат интернет конекција во своите домови. Процентот не е значително различен во Албанија, која е на второто место, а каде 91% од домаќинствата имаат интернет.
Кај нас, во Македонија, пак, 84% од домаќинствата имаат интернет, а веднаш зад нас се Србија со 82% и Црна Гора со 81%. Во Босна и Херцеговина ¾ од домаќинствата имаат пристап до интернет.
Токму ова е причината поради која бизнисите сѐ почесто одлучуваат да станат дигитално присутни, а затоа како алатка ја користат веб-страницата. Но кои се придобивките од таа алатка?
1. Присуство на интернет
Во денешниот дигитален свет, дигиталното присуство е најважно. Луѓето веќе го користат интернетот за сѐ што им е потребно, зашто го пристапот до интернет го сметаат за пристап до сѐ на едно место. Ако вашиот бизнис стане дигитално присутен со веб-страница, луѓето ќе бидат запознати со вашите услуги или производи и ќе добијат информација за тоа кои сте вие.
2. 24-часовна достапност
Веб-страницата е вашата алатка за да бидете 24 часа достапни за вашите клиенти и корисници, без разлика на вашето работно време. Секој посетител на веб-страницата може да се информира за вашиот бизнис во кое било време.
3. Комуникација и контакт со клиенти
Луѓето којшто пребаруваат онлајн, ќе остварат контакт со вас, а со тоа ќе се зголеми и вашата база на корисници или клиенти. Позитивното ако имате веб-страница е тоа што станувате достапни за клиенти кои не би ве посетиле во вашите простории затоа што се од друг град, па дури и држава. Тоа ќе ви помогне да го проширите вашиот бизнис.
4. Маркетинг и реклама
Веб-страницата е одличен простор за маркетинг и реклама. Ако е модерна, професионална и едноставна, вашите потенцијални клиенти ќе можат многу лесно да се информираат за вашиот бренд, услугите, производите и придобивките. Претставувањето на вашата веб-страница може да се врши преку различни онлајн канали, а тоа е клучно за луѓето да го воочат вашето присуство на пазарот.